Отец Харалампиј Пападопулос: Морализаторот на душата според Свeти Порфириј (прв дел)
Старец Порфириј често зборуваше и откриваше една голема вистина – дека човекот не е само она што се гледа, туку главно нешто друго. Тој е и едно негово скришно Јас, спротивното јас, како што велеше, спротивниот дух. Психијатријата, психоанализата, психолошките и педагошките науки се согласуваат со овие индикативни зборови на Св. Порфириј и ги потврдуваат. Дека во секојдневието, она што ги управува нашите движења, често е несвесниот дел на душата.