Архиепископ Василиј (Кривошеин): Аскетското и богословско учење на свети Григориј Палама (3)
Во претходните глави ние се обидовме да го изложиме учењето на свети Григориј Палама за Божеството во Неговата непостижна и недостапна надсуштина и откровението на светот преку Своите несоздадени енергии. Тие енергии се безбројни, во нив тварта реално се приопштува на Самото Божество и Бог присуствува во созданието. Едно од таквите откровенија на Божеството на светот, една од Неговите енергии е, според учењето на свети Григориј Палама,