Соопштение од Канцеларијата на САС на МПЦ (10.05.2015)
Во овие денови на жалост, се молиме на распнатиот и воскреснатиот Христос, да ги успокои душите на починатите чеда свои, во место светло, спокојно и мирно.
Истовремено, духовно сострадувајќи со нивните родители, сопруги, деца, роднини и пријатели, стоиме бодро и Го молиме милостивиот Господ да им испрати дух на утеха за нивните најблиски.