Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (н. Аеродром, Скопје) за јануари 2016
07. јануари (четврток, Рождество Христово – Божиќ),07:30 часот: Утрена;
09:00 часот: Света литургија;
09. јануари (сабота, свети Стефан),
07. јануари (четврток, Рождество Христово – Божиќ),07:30 часот: Утрена;
09:00 часот: Света литургија;
09. јануари (сабота, свети Стефан),
На 09. јануари 2015 ќе го прославиме празникот на нашиот храм - Свети архиѓакон и првомаченик Стефан. На Литургијата ќе чиноначалствува неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. После Литургијата неговото Блажеснтво ќе ја освети камбаната, купена со средства донирани од верниот народ.
- Не е човекот создаден само за голо преживување на земјата, за победување на стресот и неизвесностите. Тој е создаден за да биде совршен како што е совршен нашиот Отец небесен. Создаден е да се бори против ропството на гревот, за што се роди и самиот Христос, за да нѐ ослободи од тоа ропство и да нѐ воведе во живот вечен.
Божиќните празнувања кои сите ние секоја година со нетрпение ги очекуваме, за своја основа го имаат воплотувањето Христово, кое пак е средишна точка на мистичното откровение на божјата милост. Рождеството Христово е печат на љубовта на Бог Отец преку која Тој ја покажа неизмерната грижа за Своето создание.
На 05.01.2016 година, кога Православната црква си спомнува за „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, служеше Света Златоустова Литургија во сослужение со свештеници од Тетовско-гостиварската и Скопската епархија,...
Нема нација на земјата, во која немало духовно прекрасни луѓе, надарени со длабока вера, преданост, пожртвуваност и одѕивност. Тоа се луѓе од посебен род, за кои Пресвета Богородица рекла: „Овие – се од нашиот род“. По таквите луѓе судат за земјите. Тие – се лице на нацијата, и образот Божји, според кој ние сме создадени, во нив се гледа во посебна боја.
И овој Божик, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 72 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители.
Иако Синот е бестелесен, сепак создаде тело за Себе, според нашиот облик. Се појави како една од овците, но Тој сепак остана Пастир. Беше проценет како слуга, а сепак не го остави Синовството. Беше носен во утробата на Марија, но сепак ја имаше природата на Својот Отец. Чекореше по земјата, но ги исполнуваше небесата истовремено.
„Едно е да се паметат датумите и имињата на празниците, а друго е да се разбираат. Христос ниту стана човек, ниту умре на крстот за да се придржуваме кон некои обичаи, за да ги исполнуваме традиционално и за да се декларираме како православни со удирање во градите. При празнувањето нешто се случува во Црквата, но и во мојот живот. Тоа нешто е токму осветувањето на времето и животот.“
Бог може сѐ, само „не може“ да го натера човекот да Го сака. Токму оваа Божествена „немоќ“, претставува врв на Божествената семоќност,
Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“ Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“ А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“ А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“ Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“
Оној, Кој предвечно постои, се роди кога се исполни времето.[3] Бог ја прими нашата плот, нашето човечко тело, за да го возобнови и исчисти од гревот нашиот извалкан образ и, како созданија подложни на смртта – да нè обесмрти. На овој ден, Синот Божји воспостави нова заедница со целото човештво. Бог стана човек – се вочовечи, за човекот да го соедини со Себеси.
Динамичниот и механички живот на преживување, како што честопати луѓето го чувствуваат начинот на живеење во „Новиот свет“, му го одзема секој миг на Божјото создание – човекот; и го остава животински да преживува во „Ветената земја“. Отсечен од заедницата со Создателот, чувствував потреба за духовен разговор и совет со старецот.
„Иднината е сокриена од нас“, истакна Патријархот, „но за да можеме да спознаеме какви можат да бидат нашите патишта, секогаш треба да го имаме во предвид следново. Доколку правиме добри дела, светли, доколку во нашите постапки нема лукавство и двосмисленост, доколку никого не воведуваме во заблуда,...
Секоја страст е болест на душата, бидејки зависта, гневот и алчноста не се телесни туку душевни. Штом болното тело треба да се лекува, колку повеќе е неопходно да се лекува болната душа. За борбата со страстите постојат манастири. Впрочем и мирјаните не можат да бидат исклучени од таа борба, ако сакаат спасение.
Дури сeга пoчнувам да бидам учeник Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo - самo да гo дoбијам Исуса Христа...
Потоа тој кажа за „големото прегрешение“ што се случи во Грција, а имено за тоа дека гревот и распуштеноста се издигнати на ниво на закон. Митрополитот беше вознемирен поради однесувањето на пратениците од неговата епархија, кои гласаа за овој „одбивен закон“. Тој ги повика христијаните да им ја изразат на пратениците својата нажаленост поради нивната постапка која тој ја нарече „срам“.
Се проближуваме на празникот на Христовото Рождество. Едно од нештата што ги правиме пред празник е чистењето на куќата или станот пред да ни дојдат гости. Но, ајде да позборуваме за еден поинаков вид на „чистење на домот“, т.е. духовно подготвување за да Го пречекаме главниот Гостин, Кој наскоро ќе се роди во нашиот свет во Витлеем.
Ние сме во постојан страв дека нема многу да направиме во текот на времето што го имаме, страв дека немаме контрола над неговото неумоливо минување, страв дека нема да имаме доволно време. Но, доволно време за што? За да го потрошиме на тривијални задоволства, да оставиме „нешто“ зад себе, да го видиме светот? Всушност, ова би можело да се смета како „губење на времето“.
"Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји."