Изградена црква на Света Гора во чест на преп. Паисиј Светогорец (16.08.2019)
По четири години градење, нова црква посветена на преподобен Паисиј Светогорец беше осветена на крајот од месец јули 2019 година на Света Гора.
Изградбата на црквата во ќелијата посветена на Благовештение во романскиот скит Лаку започна во 2015 година, а осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Павле, Митрополит на Драма.Братството од романскиот скит е заслужно за преводот на житието и поуките на преподобен Паисиј од грчки на романски јазик, со превод на околу 20 томови.