Прашања од: Дарко, Билјана, Емилија, Цане..
Одговара: протојереј Томе Велјанов
Одговара: протојереј Томе Велјанов
Што е крстот? Навидум премногу философско прашање. Прашање кое е далечно на суровото секојдневие и борбата за опстанок на секој план. Ќе повторам: навидум. Причината за тоа не лежи само во фактот дека текствов не е инспириран од некојси јубилеј од градењето или осветувањето на крстот на Водно или на некој од стотиците негови репликанти ширум нашата мила и многустрадална татковина.
"... Денес Христос во Јордан ја потопува човечката нечистотија и го измива од нас прадедовскиот грев; денес се осветува природата на водата со крштението на Господа; денес Светиот Дух слезе од небесата во вид на гулаб, и на Јован Претеча му покажа да Го познае Создателот на секоја твар и Господ; денес Бог Отец невидливо говори: 'Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го'.
Немаме бургерски бек-граунд како британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме работливи од јапонците, но во сарказмот ги шишнавме уште за време турско. Како културен ентитет сме метузалеми, а сî уште славиме Нова година пред Божиќ.
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“