Отец Јован Кронштатски беше известен телефонски. Дојде пет дена подоцна, влезе во спалната соба, го виде мојот татко и забележа: ,Зошто не ме известивте за неговата вистинска состојба? Веднаш ќе му донесев Причест‘. Мојот татко погледна кон него молитвено и пелтечејќи. Отец Јован долго молчеше и се молеше, а тогаш се сврте кон татко ми: ,Веруваш ли дека со Божја помош можам да ти помогнам?‘ Мојот татко потврдно климна со главата.
Ни древната црковна пракса, ни свештените канони не определуваат никаков посебен пост за оние, кои се подготвуваат да пристапат кон светата Евхаристија. Во апостолско време, па и подоцна, верните се причестувале по заедничката вечера.
Гледај, во душите на децата си играат животот и смртта, верата и неверието. Бог секогаш правилно ќе ја одигра Својата улога. Ако и ние правилно ја одиграме својата игра пред децата, невозможно е тие некогаш да не се сретнат со Бога, макар и многу подоцна одколку што ние би сакале.
Царските часови се навистина едно благодатно богослужбено доживување на една особена празнична атмосфера, во која временото бледнее, речиси исчезнува и му отстапува место на вечното. Дверите на Рождеството Христово сега стојат пред нас отворени…
Да ги отвориме и ние нашите срца, за новородениот Цар на срцата човечки да се всели во нив! Им посакуваме добар и радосен Божик на сите!
Верата во недостижното и бестелесно Божество не го преобразува животот на човекот, не ја подига поларизацијата помеѓу материјата и духот, не ја премостува бездната помеѓу небото и земјата. Воплотувањето на Бога Словото е објавување на вистината за Бога и човекот, која го спасува човечкиот род од мрачните лавиринти, колку на ...
Краjностите се од лукавиот, а умереноста е од Бог Почетникот секогаш е расеан во молитвата, а многуопитниот секогаш е сосредоточен на спасението.
Каде прво да побрзаме, во Витлеем каде земјата Му подготвува пештера на Оној што доаѓа од Дева да се роди, или во Рим каде богоносецот телото на својот Христос како жртва благопријатна му го принесува?
Од која глетка повеќе да се насладуваме?
Свети Јован Златоуст, објаснувајќи ги значењето и улогата на мирот, истакнува: „Мирот е мајка на сите добрини, темел на секоја радост и извор на секаков успех”. А ние ќе се покажеме како вистински христијани и миротворци – само ако мирот Божји владее во срцата наши и доколку градиме и го чуваме мирот, и во себе и околу нас. Таму каде што нема вистински мир со Бога, таму нема ни мир ни добра волја меѓу луѓето.
Од 1 јануари 2019 година, петта година по ред, е достапна обновената, бесплатна верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2019 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија на светители, како и тропари за поголемите празници.
И дeнeс така сe случува какo и тoгаш: кoга ќe нè снајдe нeкoја бeда, нашитe сoсeди сe прават пoпамeтни и пoправeдни oд нас. Нo Сeмудриoт Бoг ги пуштил ситe oвиe бeди на Јoв да гo искуша нe самo Јoв, свoјoт слуга, туку и рoднинитe и пријатeлитe нeгoви. Па кoга сeкoј сe пoкажал какoв e, кoга сeкoј пoлoжил испит прeд Бoга ...
Го прашале Христа: Господи, малку ли се оние што ќе се спасат? А Он рече: Потрудете се да влезете низ тесната врата. Он не одговори на прашањето, туку сетете се што рече: Потрудете се да влезете низ тесната врата. Едно Го прашале, а Он друго им одговорил. На прашањето колку ќе се спасат, Он им кажал:
Христос е, значи, највозвишен: нозете Негови газат по земјата и Он е Дете, но Неговата глава, како што велат старите, е на небото. Он е, значи, многу висок, единствен, извонреден, со тоа Дете никој не може да се спореди. Он е Еден, бескраен, брз, ита „овде и онде“, и поради тоа се вика Бог. Он е овде, онде, насекаде. Он е Оној Кој слезе од небото, Бог и Избавител. Неговата игра, е токму играта на нашето спасение. Он ја игра играта на нашето спасение.
А дали може да се оспори оваа наша вера? Зашто ако не прилега Бог да се всели во човечко тело, тогаш уште помалку прилега да влезе во некој камен или дрво, дотолку повеќе што дрвото е далеку помалку вредно од човекот, освен ако тие не веруваат дека нашата човечка природа е полоша од тие нешта, кои немаат ниту чувства.
За убиствo oд нeсакањe зeмниoт суд гo oслoбoдува убиeцoт. Црквата пак налага eпитимија врз таквиoт убиeц, мнoгу пoлeсна oд eпитимијата на убиeцoт сo умисла, нo сeпак, бeз eпитимија нe гo oстава. Акo eдeн свeштeник нe сакајќи убил, Црквата дoживoтнo му гo забранува свeштeнoслужeњeтo. Христијанинoт сo oсeтлива душа и сo изoстрeна сoвeст на сeбe си налага и пoтeшка eпитимија
Бидејќи многумина меѓу незнабожците, кои слушнаа дека Бог телесно се родил, се потсмеваат и го порекнуваат тоа, со што само ги вознемируваат и збунуваат простодушните луѓе, потребно е да го подигнеме својот глас против нив, и да не дозволиме со заблудите на тие безумни луѓе да се вознемируваат верните.
Оваа теорија помага во објаснувањето на нашата моментална култура водена од социјалните медиуми. Преокупирани сме со броењето на пријателите и следбениците наместо да сме преокупирани со поминувањето време со луѓето кои ни се допаѓаат. И на крајот, тоа нѐ прави несреќни.
Познато ни е дека Исус Христос дојде во времето како Дете, дека одеше низ Галилеја и Јудеја, дека како Богочовек ја исполни земјата со Своето присуство, дека твореше чуда „знаци и чудеса“, дека привлече мноштво народ, кого го собра во едно царство и господство, во Црквата Своја, и дека како вечен Владика, Господ се вознесе на Небесата.
Околу 750 година, Свети Бонифациј од Фулда, просветител на Германија и Западна Европа, сакајќи да го преобрази паганското почитување на дабовите дрва од страна на незнабошците во Германија, го облагородил и христијанизирал овој обичај, заменувајќи го дабот со елка, во чест на Рождеството Христово.
Јас ви кажав неколку зборови за смртта. Сега ќе ви кажам неколку зборови за совеста, бидејќи кој ја чува својата совест чиста, него смртта сигурно ќе го најде блажен и подготвен.
Совеста – е праведен судија, која Бог ја сместил внатре во нас. Совеста не може да биде одраз на материјата. Таа – е глас