Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Во Охрид ќе се одржи сеноќно бдение во храмот Св. Троица (населба Црногорци)
Почитувани верници и наши читатели,
Ве известуваме дека во неделата на светите праоци кога го прославуваме празникот на св. Игнатиј Богоносец и Праведен Јован Кронштадски, чудотворец,во 2019 лето Господово, во Охрид ќе се одржи сеноќно бдение во храмот Св. Троица (населба Црногорци) кое ќе започне на 01. Јануари во 22 ч.