Игумен Никон Воробјов: Господ Ве моли! Бидете трпеливи кон Господ!
Не чудете се на тоа. Тоа е жестока битка, и „ако Господ не изгради дом, напразно е залагањето на ѕидарот и ако Господ не го сочува градот, залудно е бдеењето на стражарите“. Треба да се предадеме на милосрдие во Божјите раце, гледајќи ја пред Бога својата бессилност и немоќ сами да се одбраниме од непријателите видливи и невидливи. Не плашете се! Ѓаволот не го прави она што сака, туку она што Господ му допушта. Прочитајте ја книгата за Јов.