Патријарх Вартоломеј: „Константинополската црква секогаш се сообразува со барањата на времињата и има визија за иднината“
Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој присуствуваше на светата Литургија што се отслужи во Фанар на 27 јануари, во спомен на свети Јован Златоуст, еден од тројцата светители и вселенски учители на Црквата, чии мошти се чуваат во сечесниот патријаршиски храм, се осврна на долгогодишната работа на Мајката Константинополска црква.