БОЖЕСТВЕНАТА ЛИТУРГИЈА
На Проскомидијата, која вообичаено се врши за време на читањето на третиот и шестиот час,се потсетуваме на Раѓањето на Спасителот.Во исто време се потсетуваме и на старозаветните пророштва за Неговите страданија и смрт. На проскомидијата се подготвуваат Светите Дарови-лебот(Агнецот) и виното,кои се потребни за извршување на Евхаристијата и се спомнуваат живите и упокоени членови на Црквата.Душите на упокоените чувствуваат голема радост кога ги спомнуваат на Божествената Литургија.