Апел на руските политичари за независен статус на Атон
Независниот статус на Атонската монашка република треба да биде сочуван,меѓу другото и од можни посегнувања од страна на Европската Унија, беше ставот на учесниците на конференцијата „Света Русија и Света Гора Атон. Традиција и современост“, организирана од страна на Фондот на Св. Василиј Велики во рамките на XXIV – то меѓународно Божикно образовно читање.