Теодоровото Коливо и Првиот Акатист
Тесна е и неискажлива благодатната поврзаност меѓу милостивата мајка на нашиот Бог и мачениците кои храбро умирале заради непоколебливата вера во нејзиниот Син. Хранет и поткрепуван од Богородичното мајчинско милосрдие и од верата во Оној Кој преку нејзината утроба дојде да го спаси светот, Светиот Теодор храбро Го исповедаше Христа пред поклониците на лажните идоли,