Георгиј Манѕаридис: Парадоксот на болката – I дел
Болката е жестоко испитание за човекот. Таа речиси секогаш го придружува неговото биолошко и душевно распаѓање. Покрај тоа, останува необјаснива и парадоксална, не само како психолошка, туку и како биолошка појава. Нејзиното присуство обично не соодветствува на никаква природна цел, а нејзиниот интензитет не е во аналогија со предизвиканите или заканувачките трагедии. Таа сепак го предвестува страдањето на смртта, кое има трансцедентни проекции.