Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (III дел)
Секој си има своја борба. На еден му е проблем човекот до него, на друг оној од спротивната страна, на трет оној напред. Сите сме во храмот. Како се вели во псалмот за постанокот – мали и големи животни. Сите сме внатре, но секој си има своја молба, го има своето јас, стоиме пред Бога и го очекуваме тоа што секој го бара, а Бог сигурно ќе му го даде потребното на сите, дури и ако некој човек од други причини се нашол таму.