Чудесни исцеленија преку исповедта и светата Причест

Отец Јован Кронштатски беше известен телефонски. Дојде пет дена подоцна, влезе во спалната соба, го виде мојот татко и забележа: ,Зошто не ме известивте за неговата вистинска состојба? Веднаш ќе му донесев Причест‘. Мојот татко погледна кон него молитвено и пелтечејќи. Отец Јован долго молчеше и се молеше, а тогаш се сврте кон татко ми: ,Веруваш ли дека со Божја помош можам да ти помогнам?‘ Мојот татко потврдно климна со главата.