Кошмарот наречен Halloween (30.10.2019)
Halloween – празник на нечистите сили, кој нашите најмили и најмлади го одбележуваат во ноќта спроти 1 Ноември. Но за да можеме да ја разбереме суштината на ова безумно празнување, ние мораме да ги допреме неговите корени. Празникот своите корени ги има уште во дохристијанската епоха, меѓу примитивните келтски пагани во регионите на Англија, Ирска и Северна Франција. Келтите верувале во раѓањето на живот после смртта.