Свети Јован Кронштадски - Словото стана тело (07.04.2016)
Прекрасно, недомисливо за смртните умови, таинтство спомнува и слави сега светата Црква: воплотување и вочовечување на Творецот на вековите и светот – Синот Божји. Несместливиот Бог се сместува во чистата утроба на Богоотроковицата, бесплотниот се воплотува, беспочетниот започнува, непристапниот станува пристапен, Словото прима плот, бескрајно големиот се смалува, и беспределниот се определува; Бог се сорастворува со луѓето и