Посета на Претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија
Во навечерието на светлозарниот празник за целиот славјански род – споменот на Светите седмочислени рамноапостолни отци наши, учители и просветители, Кирил и Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, во посета на Свештената Бигорска Обител допатува Претседателот на 44-то Народно Собрание на Република Бугарија, г. Димитар Главчев.