Архимандрит Андреј Конанос: Научи ли да љубиш? (1)
Тоа е големо прашање. Ние влеговме во Црква, за да се научиме да љубиме. Доколку сме исполниле сé, а сé уште не умееме да љубиме и не се чувствуваме љубени од Бог, тогаш сé, што сме достигнале, оди во заден план. На пример, постот. Тоа е добро дело, но за што тој ќе ти послужи тебе ако ти не љубиш? Светиот апостол Павел говори, дека и покрај тоа што ние сé правиме правилно, ако не љубиме, не сме постигнале, ништо (сп. 1 Кор. 13). Љубовта е над сé.