Златко Дивјаковски: Значи, короната, како и секоја друга болест, ќе помине...
Интернетот е преплавен со апокалиптични сценарија - кој од вируси, кој од заговори - битно сите го гледаат крајот на светот. А всушност, и пред короната, ние сме живееле на „крајот на светот“, па сега сме нашле повод тоа торжествено да го објавиме.
Во Јапонија, дали бидејќи се навикнати на елементарни непогоди, или се едноставно - Јапонци, кога се појавува проблем, се бара решение кое ќе биде прифатливо и полезно за сите. Јапонија беше во првите земји каде се рашири короната, но ниту еден ден немавме тотален карантин, казни за неносење маски итн.