Како да се сочуваме од соблазните и осудувањето ?
Слабата вера во Господа Кој кажа и вети, дека нема да ни биде дадено искушение или тегоба поголема од онаа која можеме да ја понесеме, е причина да изјавиме дека сме се соблазниле. Всушност, допрени се некои наши страсти, или слабости со коишто ние неможеме да се справиме и затоа помислуваме или изјавуваме дека многу тешко ни паѓа кога за некои работи ќе слушнеме или други видиме, а за кои не сме се надевале или не сакаме да помислиме дека се случуваат во нашата околина или од ближниот.