Панихида по повод 149 години од раѓањето на Гоце Делчев
Денес, на 4 февруари, чествувајќи ја 149 годишнината од раѓањето на водачот и идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужување на свештеници од Скопската епархија отслужи Панихида пред неговиот гроб во дворот на црквата Свето Вознесение – Св. Спас на Кале.