О. Жарко Ѓорѓиевски Беседа за св. Наум Охридски (03.07.2020)
Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на словенски јазик. Но, неговата улога како свештеник и управител со манастирот не завршувала тука. Како многу учен и образован човек, кој познавал многу јазици, кај него секојдневно доаѓало мноштво народ за да се поучи за верата, но и за да слушне совети за секојдневниот живот, за земјоделието, за сточарството и другите практични работи.