Виктор Лега - Верата како природна состојба на човекот (II дел)
Верата не може да биде противна на разумот. Тоа се две различни својства, две различни нивоа. И споредувајќи ја верата и разумот, можеме да кажеме: овде нема противречност. Противречноста се јавува од тоа што се мешаат два концепти – верата и слободната волја. Навистина, имајќи слобода, јас можам и да не се согласам со тоа што не може да биде докажано апсолутно веродостојно.