Свети Теофан Затворник: ГУБЕЊЕ НА РЕВНОСТА
Запомнете дека таа готовност, односно сосредоточеноста да се дејствува за Господа, или ревноста за богоугодување, или решеноста за посветување себеси за служење на Господа со точно исполнување на Неговите заповеди (се што е сега спомнато е едно и исто: различни зборови, а исто дело), го сочинуваат духовниот живот. Кога ја имаме оваа готовност, имаме духовен живот, а кога ја немаме, го немаме и духовниот живот.