Уметноста на живеењето е највисоката од сите уметности
Секогаш мислев (додека сѐ уште бев „сликар“) и сега мислам дека највисоката уметност е уметноста на живеењето. Колку често великиот дар на владеење со самите себе се изразува со најфините движења на прстите (кај музичарите), со детално одмерување на секој збор (кај поетите и писателите), со одвај видливи нијанси (кај сликарите), кога тие се задлабочуваат во својот творечки труд.