Тропар на светиот Христов исповедник и чудотворец Агапит епископ Синадски 18 февруари / 3 март 2023
Величината на Божјата љубов, над неверниот род човечки,
како најголемо чудо ја позна, свети Агапите, пред Господ и луѓето смирувајќи се,
Величината на Божјата љубов, над неверниот род човечки,
како најголемо чудо ја позна, свети Агапите, пред Господ и луѓето смирувајќи се,
Светителот ни зборува јасно, зборува со јазикот на Вистината. Нашето време е време на апсурди, погрешни толкувања, опскурантизам ( негативен однос кон просветата и науката – мракобесие ), непокајание. Вистината е претставена како ретроградна и ограничена. Темнината се потврдува како светлина; неприродниот живот како прогресивен, „кул“, човечки, природен - нормален.
Кога би верувале
Дека Христос се роди во пештера
Со истата леснотија
Со која веруваме дека вирусот
Се роди во лабораторија...
На 26.2.2022 г., Сиропусна недела и ден во кој Црквата си споменува за Адамовото изгнанание од Рајот, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерна богослужба со Чин на простување во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
Светата Четириесетница е востановена во чест на спасителните страдања и Воскресението на Господ Исус Христос. Според Типикот на Православната Црква се пости на следниот начин: за цело време на постот во сабота и недела е дозволена употреба на масло. Во останатите денови од седмицата (од понеделник до петок) не се употребува масло. Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.
Затвори ли очи и денес, о бедна душо моја, пред испружената рака на гладниот кој парче леб ти побара и пак Христа не Го виде? Знаеш ли душо дека Христа денес не Го нахрани? Или се оглуши и денес кога жедниот капка вода ти побара, па и од капката милост од Христа се лиши?
Светиот Лука Кримски ја нарекува молитва на чистото срце, затоа што се излеала од совршено очистеното срце на великиот подвижник. Оттука и таквата моќ и таквото таинствено дејство на оваа чудесна молитва врз христијанското срце. Преподобен Ефрем Сириски не само што Го моли Бога да му даде дух на добродетели и да го ослободи од духот на пороците,...
Литургијата беше отслужена на повеќе јазици, меѓу кои и на македонски. На чинот присуствуваа верници од целиот свет, а беа кажани и молитви на македонски јазик, свештениците се помолија за својот народ на свој мајчин јазик. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски.
Секој од нас барем еднаш дигнал камен,како оние луѓе од времето на Христа кои држеле камен во своите раце за да го фрлат кон жената грешничка. И секој од нас го спуштил, како и тие луѓе, што го спуштиле кога Христос се исправил пред нив и потоа клекнал да ги пишува нивните гревови на прашината.
27.02 Понеделник
17:00 Големо Повечерие со Големиот покаен канон на св. Андреј Критски
28.02 Вторник
17:00 Големо Повечерие со Големиот покаен канон на св. Андреј Критски
Со зборовите за покајание Господ ја започна својата наука, а со зборовите на простување ја заврши. Покајанието е семе, простувањето е плод. Никакво покајание нема вредност без простување. Да не постојат зборовите: прости ми! и: нека ти е простено!, човечкиот живот би бил сосема неподнослив. Нема таква мудрост на земјата која би можела да основа ред и утврди мир меѓу луѓето, без простувањето. Ниту има такво училиште и такво воспитување, кое би можело да ги направи луѓето великодушни и племенити без простувањето.
Богословскиот дијалог е основен аспект на православното христијанство. Светите отци на Црквата постојано ја истакнуваат важноста на дијалогот во различни сфери на животот: во религиjата, каде што се формира односот меѓу Бога и човекот; во социјалното милје, каде што се градат меѓучовечките врски; во еклисиолошката сфера,
Си живееше еден чевлар со својата жена и деца при еден селанец. Немаше ништо свое: ниту куќа, ни посед, а себеси и семејството го прехрануваше со она што ќе го заработеше. Лебот беше скап, а рацете евтини, и така – она што ќе го заработеше, тоа и го јадеа. Една вечер, чевларот
Kако је Асирац Серафим Бит-Хариби од титула у теквондоу и живота на ивици у којима је потрошио десет живота постао архимандрит, али и најлепши глас црквене музике.
Премудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите, проповедта во главните места на собирите, при влезовите на градските порти смело говори: „До кога, незналци, ќе го сакате незнаењето? До кога бујните ќе се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ќе го мразат знаењето?