Духовна порта- Свети Игнатиј Брјанчанинов
“Јас во светот дојдов како светлина“ - рече Господ за Себе.
Таа Светлина стоеше пред Јудејците,
облечена во тело;
пред нас Она стои облечена во Евангелието.“
“Јас во светот дојдов како светлина“ - рече Господ за Себе.
Таа Светлина стоеше пред Јудејците,
облечена во тело;
пред нас Она стои облечена во Евангелието.“
Затоа, откако со своето неверие ни ја утврди верата на сите, нѐ научи да говориме: Ти си најславениот Господ, Боже на отците, и наш, благословен си.Откако Тома со страв ја стави раката во Твоите живоносни ребра, Христе, го почувствува двојното дејство на двете природи, во Тебе соединети неслиено, и со вера викаше говорејќи:
Не заборавај дека овде на земјава нема спокој. Не велиː јас веќе остарев во добродетелите, и не се плашамː треба да знаеме, дека стравот од изменувањето и паѓањето никогаш не треба да нѐ напушти, зашто многумина што остареле во добродетелите сатаната ги турка во бездната на гревот само за еден миг, па затоа, „кој мисли дека стои, нека гледа да не падне‘ (1. Кор. 10, 12),
На 3ти мај 2019 година, во оваа Светла Седмица,на празникот на Источен Петок- Балаклија, старешината на храмот отец Трајче Петковски во сослужение на ереј Игор Димитриевски и ѓаконотите Методиј Митановски и Михаил Манојлов, отслужи Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје.На светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текот на Литургија отецот произнесе празнична беседа за празникот на Пресвета Богородица.По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица.
Во оваа Светла седмица торжествено го прославуваме празникот над празниците и торжеството над торжествата, односно светлото Христово воскресение. Овој, пак, петок е посебно посветен на Живоносниот извор на Пресветата Мајка Богородица. Овој празник потекнува уште од раната Црква Христова, а е поврзан со едно јавување на Пресвета Богородица на идниот византиски император Лав во V век. Во Синаксарот од Цветниот триод се вели дека овој благороден човек се движел надвор од Цариград, во местото викано Балаклија,
Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту
вoскрeсeниe oд мртвитe,
бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo,
туку сo
Бoжјo oткрoвeниe.
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.
,, Спаси го Господи и помилуј го ...(името на оној што си го осудил)" и помилуј ме мене грешниот".
Така прави секогаш кога ќе осудиш некого. Ако го правиш тоа редовно, Господ ќе го види твојот напор и засекогаш ќе те избави од гревовната навика. Не судете за да не бидете судени!
Третиот ден од светлото торжество за тридневното Воскресение на Спасителот Христос, Бигорската Обител го заокружи со традиционалната молитвена и благодарствена пасхална литија околу Манастирот. Воскресенската радост што така обилно ги брануваше нашите срца на Светата Литургија возглавена од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, се разлеа потоа и во околината, преку пасхалните стихири и победоносниот тропар,
Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Tетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, по трикратниот опход околу храмот, служeше Света Златоустова литургија. Mногубројниот народ се причести со Светите Христови Тајни. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !!!
На големо изненадување и радост за сите верници и оваа година токму на Велигден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Го донесе Благодатниот оган кој го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Го пречека свештениците од сите архиерејски намесништва и верниците кои го примаа Благодатниот оган. Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН,
На 28.04.2019 година, денот на славното и свето Воскресение Христово - Пасха, во вечерните часови, според одамна востановената традиција, во катедралниот храм „Св. Софија“ беше отслужена свечена воскресенска Вечерна богослужба, на која беше прочитано и дел од Евангелието според Јован, во кое го слушнавме сведоштвото на апостолите за Христовото Воскресение
На празникот Воскресение Христово, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Митрополитот Струмички г. Наум ги замонаши сестра Христина и сестра Григорија.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Слава, Господи, на Крстот Твој и Воскресението! Се поклонувам на Твоето Вознесение во плот на небесата, каде седејќи оддесно на Бога Отецот
„За нас МПЦ-ОА навистина е тешко во новата историја. Во лицето на Крипијан најдов вистински духовен брат, а љубовта, кога е во симбиоза, дише заедно со слободата.
Но некои ја разбираат љубовта – да вршиш притисок врз другиот, да не ја почитуваш неговата слобода. Но љубовта подразбира да го сакаш и го оставиш да живее слободно“
Денеска во попладневните часови на аеродромот во Скопје, со бугарскиот државен авион „Фалкон“ пристигна Благодатниот оган, којшто беше пречекан од нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно духовенство од нашата Црква. Овој голем Божји благослов од Христовиот Гроб во Ерусалим пристигна кај нас преку Софија, а го донесе епископот г. Јаков Стобиски. Имено, за прв пат епископ на МПЦ – Охридска архиепископија присуствуваше во Светата Земја во мигот кога слезе Благодатниот оган, заедно со црковната делегација на Бугарската православна црква.
На Велика Сабота (27 април 2019 година),
во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во
Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф
служеше Божествена Василиева Литургија.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Сè што Спасителот учеше и сè што направи е за целото човештво и за секого од нас. Тој ни порача дека небото и земјата ќе преминат, ама зборовите Негови нема да преминат14. Затоа, и ние сме повикани да земеме учество во воскресенската слава и со сите христољупци да ја споделуваме победоносната радост. Но, на таков подвиг вистински ќе се удостоиме само преку верата и добрите дела.
Сведоци сме дека овие денови во оваа Страдална седмица од Великиот пост, толпа народ ги посетува Црквите. Се има впечаток дека имаме преголем број верници, но дали тоа навистина е така? Во нашата држава има многу Цркви, но за жал има многу малку верници. Ова е жално но вистинито. Овие денови ние забележуваме премногу народ но НЕ во Црквите, туку во ДВОРОВИТЕ од Црквите.