Втор ден Духовден – Божествена Литургија во манастирот Успение на Пресвета Богородица- Матка (17.06.2019)
Учениците Христови во присуството на Христос се насладуваа со неискажливи блага и за време на општењето со Него беа во голема благосостојба... Заради тоа, Он дозволи за кратко време да бидат лишени од силата која што им содејствуваше, за останувајќи без неа да разберат колку многу добрини им причинуваше Неговото присуство, и откако ќе го почувствуваат значењето на претходните добра, со уште поголема ревност да го примат и дарот на Утешителот.