ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ И ПОДВИГОТ
Црквата многу правилно и мудро ги повикува сите нејзини членови да се подвизуваат, т.е. да влезат во процесот на доброволно лишување (какво и да е тоа) за постепено да се одвојат од земните работи и да се исполнат со љубов кон небесното. Сепак, многу луѓе се спротивставуваат на овој призив за подвиг.