Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност.
НАЈУНИШТУВАЧКАТА СТРАСТ
„Како што рѓата го оштетува и го кородира железото, така и љубомората ја јаде душата што ја поседува“. Зависта најпрво го навредува завидливиот, а потоа оној кому му завидува. Прво си ја јаде душата - како змијата што го јаде желудникот што ја хранел - а потоа го каснува оној кому му завидува.