Старец Ефрем Филотејски и Аризонски: За Исусовата молитва
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да ги поврати почетната сила и благодатта што ги поседувала душата.
Во таква ситуација, светите отци нѐ учат: „Обнови ја молитвата; почни повторно да се молиш – со усните, со умот, или со срцето – и ќе ти се врати онаа изгубена полнота“.