И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Архимандрит Андреј Конанос: Христос во нашето секојдневие (втор дел)
Многу луѓе ќе Го почувствуваат Христос, но најмногу оние кои се соочуваат со болка. Силата и обемот на болката е многу голема. Болка е да те боли заб, да те боли главата, да имаш вртоглавица, да страдаш од несоница, да не можеш да спиеш, да имаш некаква болест, да страдаш од бубрези, да ти ставаат редовно инјекции, да одиш често во болница, болка се хемотерапијата,