Светла сабота (25.04.2020)
Во нас има два живота: телесен и духовен. Духот наш како да е погребен во телото. Кога ќе почне да воскреснува, оживeан со благодатта Божја, тој излегува од скриеноста под телото и дел по дел се појавува во својата духовна чистота. Кога целиот ќе излезе од оваа заробеност како од гроб, излегува во обновен живот и станува жив и делателен сам по себе.