Писма од Архимандрит Јован (Крестјанкин)
На милоста Божја и нема граници. Тоа Вие опитно и добро би требало да го знаете по себе.
Како ќе живеете понатаму; тоа е само Ваш избор. Јас не можам ниту да благословам, ниту да забранам. Во Господа, и монаштвото е спасително и чесниот брак е за пофалба. А секој човек избира сам. Но, дека и едното и другото е носење на крст – тоа е безусловно. Така, и во најсреќниот брак крстот не може да се избегне.