Пресвета Богородица – клуч за Христовото царство (Трет Акатист) 17.03.2023 г.
Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.