За Договорот за пријателство помеѓу Р. Македонија и Р. Бугарија
Тој просто не е само потпис на една влада и премиер и друга влада и премиер, туку логичен и ненаметлив исход на културните и општествени збиднувања во двете држави. Според наше мислење, договорот е срочен во духот на европското право, без двосмислени политички фрази, без никакви навреди, потценувања или превагнувања на едната или другата страна. Дополнителен аргумент за неговата полезност е и суштинската потреба да се има најблизок соработник и сосед пријател, особено за дејствување во меѓународно поле.