Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“
Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист дух; и иако навидум му се спротивставуваме на овој свет, но користејќи ги сите негови методи и средства, какви што се: централизирана власт, економска моќ, световно образование, политичка моќ итн., само ја потврдуваме нашата длабока секуларизираност. Како што некој рече, вака организираните, т.н. канонски „Цркви“ само го подготвуваат патот и се одлична основа за доаѓањето на антихристот како религиски и световен владетел.