Распоред на Богослужби во манастирот Свети Илија - Чардак с.Мирковци од 01 јануари до 31 јануари 2026
✥✥✥ 02 јануари ( Петок )
Претпразненство на Рождество;
Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец;
Света Божествена литургија од 08:30✥✥✥
✥✥✥ 02 јануари ( Петок )
Претпразненство на Рождество;
Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец;
Света Божествена литургија од 08:30✥✥✥
Имаме тело, со кое го восприемаме светот што нè опкружува и кое го одржуваме во живот така што се храниме од овој свет, пиеме од него, го дишеме, му се насладуваме или го користиме на граблив начин. Кога го созерцуваме, ние, всушност, и го „јадеме“ со погледот…
Кој сум јас па мене да ме прашуваш за една ваква голема тајна? „Зборувај кога имаш нешто подобро од молчењето“, вели свети Григориј Богослов. И иако мислам дека молчењето сега е подобро од секој збор, сепак од љубов кон тебе ќе ти го изложам она што смирено го мислам за прашањето.
Ништо добро не произлегло од безмерното седење пред разните екрани и автопромоцијата на социјалните мрежи, од таа зависност и болест на новото време, освен, најчесто, растројство на личноста. Ништо добро не произлегло од очекувањето другите да се променат и од барањето на само човечка правда.
Тој тесен пат нема крај — неговото својство е вечноста. Таму секој миг е нов почеток: сегашноста ја содржи иднината — Денот на Судот; сегашноста ја вклучува и минатото — создавањето на светот; зашто Христос е безвременски присутен насекаде, и во адот и на небото.
Кoга гo видeл тoа, дeка Бoжја вoлја e тoј да живee, а да нe загинe, тoј сe успoкoил, нo oстанал дo свoјата смрт скрушeн пoкајник. Зарeм тoа нe e oсeтлива, чoвeкoљубива и бoгoплашлива душа? Зарeм тoа нe e прeфинeта и изoстрeна сoвeст на eдeн вистински христијанин?
Египетскиот пустиножител, свети ава Исаија, за Исусовата молитва вели дека таа е огледало на умот и светилник на совеста. Некој ја споредил оваа молитва со тивок, непрестаен глас во куќата: секој крадец што ќе се прикраде до таква куќа, веднаш бега кога ќе чуе дека внатре има некој буден.
Отец Серафим Роуз (1934–1982) е една од највлијателните личности во современото Православие, особено во Западниот свет. Како американец преобратен во Православната Црква и монах на Руската Задгранична Црква, тој стана познат по своите длабоки духовни книги, строга аскетска мисла и силна одбрана на традиционалното православно учење.
Мајка чиј син е во војна, дење и ноќ доживува страв за него, силна загриженост.
Неочекувано добива писмо со фотографија од него.
Што прави таа? Гледа во сликата?
Господ во Своето Свето евангелие не учи, дека сатаната кога ќе го најде човекот изметен и празен, кога ќе го најде срцето неплодно, тогаш зема со себеси уште седум други духови, полоши од себеси, и влегува и се вгнездува во него, правејќи ја на тој начин последната состојба на тој човек полоша од првата (сп. Лука 11, 25).
Монасите и монахињите примаат врз себе пост, труд, понижување, бдение, сиромаштво, послушание и сите други завети, само и единствено за да се удостојат за таа духовна средба со својот Господ. А на овој тесен пат душата се удостојува за таа средба тогаш кога ќе се ослободи, ќе се очисти и ќе се украси.
Закхеј разбра дека срцето кое Го прима Христа мора да се испразни од сè друго: дека мора да ги жртвува сите оние блага стекнати на незаконит начин – похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот (1 Јн. 2:16). Тој сфати дека оној кој е богат на земјата е сиромашен на небото, зашто да се биде материјално богат значи да се биде духовно сиромашен, според зборовите на свети Јован Златоуст.
“Да се потсетиме дека Божјото Царство не е од овој свет (Јов. 18, 36) и дека треба да мислиме на она што е горе, а не на земјата (Кол. 3, 2). А штом се опоменуваме за тоа, ќе Му се молиме на Господ Тој со Својата сесилна благодат да ни помогне во тоа и да ги сврти сите наши желби кон небесното и сета наша душа кон она што е горе, да искорени од нас секаква телесна страст и да ја умртви секоја наша поврзаност со земното. Да, браќа, навистина, што има на оваа земја? Таа за нас е туѓина, а небото ни е роден крај. О, таму е толку светло, толку радосно, таму има толку прекрасни убавини, таму има преубаво пеење; затоа треба за таму да ја подготвиме својата душа. Амин.“ - Преподобен Ефрем Сирин
Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем, пославен, побогат и поживотен, но благодарноста ќе ги направи луѓето и поголеми, и помоќни, и пославни, и побогати, и, што е најважно - вистински живи.