Божествена Литургија во храмот на св.Стефан, Скопје (27.12.2015)
Колку повеќе човекот слегува во длабочината на смирението и се презира себеси како оној што е недостоен за спасение толку повеќе тој плаче и им дава слобода на потоците солзи. Според мерата на тие солзи во срцето се буди духовната радост и заедно со неа се излева и расне надежта што ја утврдува потполната увереност во самото спасение.