Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (05.08.2016)
Во шестата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот на Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив , во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, отец Јован Ристовски во сослужение на ѓаконот Јане Илиев ослужи Божествена Литургија Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.