Мизеријата не е скромност
Токму тој висок критериум недостасува кај нашиот религиозен народ, кој се поистоветува себеси со Православната Црква, без да живее според таа вера, и без да има чиста вера кон Бог. Да не се збуни некој, религиозен и православен не се истозначни термини. Токму религиозните луѓе, кои имаат некаква површна вера, кои се само на почетокот од црковниот живот, се занимаваат со скандали.