Отец Харалампиј Пападопулос: Христе мој, не сакам повеќе да толкувам, туку да живеам
Господи, колку повеќе растам толку помалку сакам да разбирам, а повеќе да чувствувам. Сакам секој ден сè помалку да ти се противам, да направам место да влезеш со Твоите тивки стапки во секој дел од мојот живот.
Да го просветлиш секој агол од моето битие, да одиш по земјата на мојата плот.
Простри се врз небото на мојата душа, целиот да станам светлина.