„Мајка Црква“ (21.10.2017)
Секоја Црква, историски, во моментот на нејзиното признавање имала своја „мајка Црква“ или, поточно, Црква заштитничка. Откако „мајката Црква“ ја признава суштински, преку заедничко сослужување на светата Евхаристија, автокефалноста на дотогаш непризнатата Црква, од тој момент двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што означува дека тука нема место за никаква ерархиска потчинетост или некаква административна зависност на едната од другата Црква.