Беседа на јеромонах Гаврил, изречена во манастирот Св. Наум Охридски во Роклин, Австралија
Смртта всушност не е крај, туку едноставно – смртта е премин. Крај е ако ние не веруваме во Бога и не вршиме дела Божји, меѓутоа премин е ако живееме Божествен живот, како што апостол Павле вели: не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене. Ние се распнавме за Христа заедно со Него, и нашиот живот е Христов живот, Божествен живот. Тоа се гледа преку содржината и достоинството на нашиот живот.