Во посета на МАНУ делегација на Кинеската академија на науките, предводена од претседателот, проф. Чунли Баи
Во посета на МАНУ престојуваше делегација на Кинеската академија на науките, предводена од нејзиниот претседател, проф. Чунли Баи. Кинеската делегација беше примена од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити. На работниот состанок беа претставени двете академии и детално се дискутираше за можностите за идна меѓуакадемиска соработка, како и за можностите за стапување на МАНУ во членство на Меѓународната алијанса на научни организации (ANSO).