Старец Порфириј: Возљуби го Бога од сето твое срце и од сета твоја душа и со сета твоја сила и со сиот свој разум
Ја кажував молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, и се отвораа нови хоризонти. Од моите очи течеа реки од солзи на радост и веселие заради Христовата љубов и Неговата крстна жртва. Копнеж и радост! Тука се крие величието, рајот. Овие пет збора ги кажуваш со копнеж и радост, од срце, за- тоа што Го љубиш Христос. И така полека се губат зборовите.
ДВЕ ПЛОДНИ СВЕТИЛА
Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.