С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Никогаш не ја оставај молитвата... (02.02.2019)
За време на секојдневните разговори, треба да ја одржуваме молитвата во срцето, и да имаме постојано на ум дека Он, нашиот Отец Небесен, се наоѓа до нас и не набљудува. Никогаш не треба да заборавиме на Божјата сеприсутност. Без молитвата човекот не живее туку умира, и покрај тоа што не забележува. Кога сте на молитва не се брзајте. Секој нејзин збор е свет и не приближува кон Бога.