Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (03.03.2019)
Бог нема постојано да ја праќа Својата благодат во срце кое не поставува ограда пред своите страсти ниту во ум којшто не покажува дека ги ограничува своите бесцелни скитања. Во почетокот, Бог ни ја дава благодатта за да ни помогне, за да нè поттикне, за да ги наслади нашите душевни чувства, за да нè привлече. Но ако напоредно со тоа не се трудиме и ние, благодатта нема да биде делотворна и ќе се повлече. Апетитот се појавува со јадењето, а молитвата со молењето.